СТУДИЈА НА СЛУЧАЈ БР. 8

 

ИСТОРИЈАТА НА МАКЕДОНСКАТА ТЕКСТИЛНА ИНДУСТРИЈА СО ФОКУС НА ШТИП

 

 Вовед – раните почетоци и развој до 1945 година

 

Растот на македонскиот текстилен сектор мина низ разни историски и економски фази. Оваа индустрија е меѓу најстарите на територијата на Македонија и мина низ сите развојни фази. Кон крајот на 19тиот век Македонија била територија со бројни мали градови со развиена трговија, особено занаетчиство. Поголем дел од населението живеело во рурлни области, Македонија била карактеризирана како агрикултурна земја каде што повеќето жители своите потреби ги задоволувале со сопствено производство на храна. Воведувањето и понатамошното развивање на текстилната индустрија во Македонија било главно предизвикано од потребите на отоманската војска за разни видови облека и униформи. Друга причина за појавување на текстилниот сектор било задоволувањето на потребите на граѓаните од урбаните области. Значаен фактор за напредувањето на оваа индустрија во тоа време бил развитокот на фармерството, особено сточарството.

Првите текстилни претпријатија биле основани во 1880те во селата во битолскиот регион – Дихово, Магарево, Трново, а нивната основна дејност била произведувањето на волнени производи. Само мал број на памучни производи биле изработувани во занаетчиските работилници. Развојот на текстилот во овој регион бил логичен бидејќи Битола, во тоа време познат како Манастир, бил значаен економски и културен центар во европскиот дел на Турција.[i] Во тоа време сопствениците и директорите на текстилна индустрија биле бизнисмени со доволен капитал за вложување на своите пари во индустриското производсвто. Овие фирми покажале добри резултати и нивниот бизнис имал светла перспектива. За жал, Балканските војни и Првата светска војна имале разорно влијание врз оваа индустрија.

Една од првите текстилни фирми на територијата на Република Македонија била текстилната и трикотажната фабрика во село Дихово. Фабриката била изградена во 1883 година и била една од најголемите текстилни индустрии во европскиот дел на Отоманската империја. Инвестицијата во оваа фабрика била проценета на 15.000 турски лири. Сепак, ова била огромна сума за да ја инвестира само еден човек, така сопствениците оформија акционерско друштво кое ја финансирало изградбата на фабриката.  Тие главно произведувале волнени производи со модерни производни процеси. Фирмата главно користела домашна волна. За да произведе високо квалитетни производи тие увезувале и волна од Англија. Финалните производи се продавале во повеќето големи градови во регионот: Битола, Солун, Скопје, Истанбул, Измир, Драч. Фабриката била затворена во 1915 година кога бугарската војска, под чија контрола се наоѓала Македонија во тоа време, ја зела механизацијата во Сливен и Габрово во Бугарија.

Кон крајот на 19тиот век и почетокот на 20тиот век постоеле уште десет текстилни работиници. За жал сите биле затворени и уништени во текот на Првата светска војна. Покрај волнените производи, се произведувале и памучни. Сепак, овој сектор не можел да се развие многу во Македонија во тоа време поради големата конкуренција од европските производители на памук. Друг негативен фактор за развојот на производството на памук била слабата куповна моќ на македонското населени. Само во периодот помеѓу 1933 и 1949 година индустирјата за производство на памук значително пораснала.

            Во Македонија модерното производство во индустријата за свила почнало кон крајот на деветнаесеттиот век. Главните центри за свилени кожурци биле регионите на Гевгелија, Дојран, Струмица и Радовиш. Првата одмотачница за обработка на свилени кожурци била основана во 1894 година во Гевгелија. Фабриката била во сопственост на султан Хамид. Механизацијата била донесена од Италија и поставена од италијански експерти. Во тоа време работниците работеле по 12 до 14 часа на ден и вкупниот број на работници бил 180, сите од Гевгелија. Меѓу нив имало и жени. Фабриката била затворена кон крајот на Балканските војни во 1912 година и била уништена во Првата светска војна. Оваа војна имала сериозни последици за свиларството. Затоа што биле многу близу до воениот фронт, многу жители од регионот на Гевгелија и Дојран се преселиле кон внатрешните делови на Македонија. Барајќи безбедно место за живеење, овие луѓе ги напуштиле своите работилници и почнале да се занимаваат со други професии. Затоа, крајниот резултат во свиларството бил ист како во приказната за индустријата за преработка на волна – неуспех.

Кон крајот на Првата светска војна се создале нови економски услови. Со поделбата на Македонија во 1912 потврдена во Версај во 1918 година, економијата подзамрела, а развојот на текстилната индустрија на територијата којашто денес е позната како Република Македонија бил прекинат. Дел од инвестициите во оваа индустрија останале на другата страна на новите граници, а дел бил уништен во војната. Македонската текстилна индустрија не можела да оживее и развие поради интересите на силните конкуренти од Србија, Хрватска и Словенија. Бидејќи Македонците не биле признаени ни како народ во Кралството Југославија, а земјата била преименувана во Вардарска Бановина, било очигледно дека индустрискиот развој на Македонија не бил приоритет за југословенските владетели. Всушност, во меѓувоениот период биле обновени само две мали фирми од текстилната индустрија: „Стерјо Пикулис“ во селото Магарево, произведувајќи штофови и гајтани и „Петар Лекиќ“ во Тетово, произведувајќи гајтани. Во периодот 1918 – 1940 имало 16 фирми кои произведувале текстил основани на територијата на Република Македонија. Во почетокот на Втората светска војна работеле само 12 фирми. Три биле затворени додека една била изградена токму пред војната. Следи исцрпен список на овие фабрики:

1.                  Фабрика за производство на  штофови и гајтани на Стерјо Пикулис во Магарево, Битолско – основана во 1890 година како занаетчиска работилница. За време на Првата светска војна таа била уништена и обновена во 1924 година со нова механизација донесена од Чемниц, Германија. Во 1940 година имала 24 вработени и вкупно производство од 150.000 метри разни видови волнено и памучно платно и 15.000 килограми гајтани. Фабриката работела во две смени.

2.                  Фабрика за производство на гајтани на Петар Лекиќ во Тетово – основана во 1905 година во Скопје, но преселена во Тетово во 1908 година. Била уништена во Првата светска војна и обновена подоцна со механизација донесена од Нирнберг, Германија, бројот на вработените се движел од 8 до 17, а производството било 12.000 килограми разни видови гајтани.

3.                  Претпријатие за обработка на памук и волна „Глигор Стаменов“ основано во Струмица. Во периодот од 1918 до 1925 година претпријатието работело како работилница за одмотување на памук и волна. Во 1925 година таа набавила механизација и почнала да преде и ткае памук со што го зголемила производството. Механизацијата била земена од фабрика од Бања Лука. Во почетокот имало пет вработени кои во 1940 година прераснале во единаесетмина.

4.                  Битолска текстилна индустрија била една од првите трикотажни[ii] претпријатија, основана во 1927 година. Сета механизација била нова, набавена во Германија освен машините за шиење кои биле набавени во Соединетите Американски Држави. Во почетокот производниот капацитет изнесувал помеѓу 10.000 и 15.000 килограми финални производи, но подоцна во 1940 година капацитетот се зголемил, а производството изнесувало 33, 380 килограми трико штоф и 5.080 дузини специјализиран штоф фанел. Бројот на вработените бил помеѓу 25 и 30. Фабриката ги набавувала сировинските материјали како памучно предиво од Чешкословачка и Италија, а волна од Англија и Грција. Само мал дел се набавувал од предилниците на Кралството Југославија како тие во Литија, Словенија или во Дуга Реса, Хрватска.

5.                  Фабрика за производство на трико „Дијамант“ од Скопје – основана во 1927 година. Вкупното производство на фабриката било 12.000 килограми финални производи. Сировинскиот материјал, предивото се набавувало од Англија, Австрија и Белгија. Механизацијата била донесена од Германија. Производите се продавале на југословенските пазари, околу 50% во Србија, 40% во Македонија и 10% во Хрватска и, само на неколку наврати, мал дел во Грција. Од 1927 до 1929 година бројот на вработените бил 33.

6.                  Текстилна индустрија на Генералното трговско акционерско друштво од Скопје изградена во 1931 година.  Механизацијата била набавена во Чемниц – Германија. Во почетокот дневниот капацитет бил 2.800 пара машки чорапи. Следната година бројот се зголемил на 5.000. Во 1931 година капацитетот за производство на женски штоф бил помеѓу 300 и 400 метри на ден, додека во 1937 година достигнал 1.000 метри на ден. Килимарското одделение имало капацитет за производство на 1.500 квадратни метри килими годишно. Сировинските материјали се увезувале од Англија и Италија. Финалните производи се продавале во Кралството Југославија, килимите се извезувале во Австрија и скандинавските земја. Во почетокот бројот на вработени бил 70 додека во 1936 пораснал на 464.

7.                  Фабрика за памучни ткаенини, Скопје, основана во 1933 година. Во почетокот била мало претпријатие. Во 1940 година механизацијата била набавена од Чешкословачка и започнало индустриското производство. Таа година бројот на вработените изнесувал 15.

8.                  Индустриско претријатие за производство на вреќи, сламарици и други текстилни ткаенини од јута. Во 1933 година сопствениците на фабриката за производство на сапун „Аеро“ од Скопје набавиле 10 користени машини за одмотување од Врање, Јужна Србија. Во 1935 година тие набавиле 10 нови машини од Германија, а во 1938 година уште 22 машини од Германија, Белгија и Чешкословачка. Иако тие ги набавиле машините за потребите на сапунската индустрија подоцна ги употребиле и за произведување на текстил. Сировинските материјали биле носени од Полска, Белгија и Чешкословачка. Целосното производство изнесувало помеѓу 200.000 и 300.000 метри текстилни ткаенини од јута годишно. Производите биле продавани на домашните пазари, 70% во Македонија, 25% на Косово и 5% во Јужна Србија. Во 1939 година бројот на вработените бил 50, 15 мажи 35 жени.

9.                  Фабрика за производство на чорапи „Шар“, Скопје, основана во 1936 година. Во 1940 година „Шар“ била откупена од сопствениците на текстилната индустрија „Вардар“ од Скопје. Сировинските материјали биле набавувани од Италија и Југославија, додека фабриката работелаше со 35 машини. Просечната годишна обработка на памучно и свилено предиво била 20.000 килограми, 70% од нив се продавале во Македонија, 20% на Косово, а 10% во Црна Гора. Оваа фабрика била успешна, капацитетот целосно искористен. Бројот на вработени бил 31.

10.               Текстилна индустрија „Вардар“, Скопје, основана во 1937 година во индустриската зона на патот Скопје – Куманово. Фабриката имала 67 машини во работна состојба (70% купени на ново, а 30% користени; сите од Германија). Фабриката обработувала 120.000 килограми предиво увозувано од Италија и Чешкословачка годишно. Само 20% од сировински материјали се набавувале од југословенски произведувачи од Марибор, Словенија и Земун, Србија. Финалните производи се продавале во земјата, 35% во Македонија, 50% во Србија, 10% на Косово и 5% во Црна Гора. Во 1940 година бројот на вработените бил 89.

11.               Текстилната индустрија „Тулбенд“, Скопје, основана кон крајот на 1937 година. Фабриката имала над 67 машини набавени во Германија и Чешкословачка. Основниот сировински материјал било предивото, 90% од Италија и 10% од домашни предилници. Додека работела со целосен капацитет, фабриката произведувала 75.000 килограми предиво. Бројот на вработените во 1940 година бил 48.

12.               Работилница за производство на свилени и памучни платна, Битола – која до 1937 година била примитивна работилница за производство на текстил. Во 1938 година таа била преземена од нов сопственик кој набавил 11 машини кои го зголемиле производството. Просечната годишна потрошувачка на сировински материјали била 2.000 – 3.000 килограми свилено предиво и 1.500 – 2.000 килограми памучно предиво увезувано главно од Италија и Грција. Производството изнесувало 45.000-50.000 метри разни видови свилени и памучни платна. Во 1940 година фабриката имало 18 работници.

13.               Текстилна и позамантериска фабрика од Скопје основана 1931 година како текстилна работилница. Во 1934 година фабриката била проширена и имала 30 вработени. Производите се продавале во Македонија – 60%, Косово – 20%, Источна Србија и Босна – 1%. Предивото се увезувало од Чешкословачка, Италија и Германија (90%) и 10% од Словенија. Фабриката имала 67 машини набавени во Чешкословачка, Германија и Белгија. Десет од машините биле купени користени во Југославија. Во 1940 година бројот на вработените бил 52.

14.               Ткајачката работилница „Југ“ од Скопје, основана во 1939 година со 18 машини. Машините за одмотување биле купени од Швајцарија, останатата механизација била од Германија. Основниот сировински материјал била вештачката свила увезена од Германија и Италија, а фабриката трошела 10.000 килограми годишно. Бројот на вработените бил 22. 

15.               Фабрика за одмотување на свила од Гевгелија – основана во 1938 година. Механизацијата била набавена во Грција. Околу 18.000 килограми суви кожурци се одмотувале годишно, а финалните производи се продавале на југословенскиот пазар, бројот на вработените во 1940 година бил 60.

16.               Текстилна индустрија „Армаган“, од Скопје основана во 1940 година. Механизацијата била набавена во Германија, Англија и Чешкословачка. Капацитетот бил 420.000 метри разни видови памучен штоф (на една смена).

 

Почетниот развој на македонската текстилна индустрија покажува две поголеми фази: првата фаза 1918 – 1933 се карактеризира со поспор развој – само пет претпријатија биле основани, а две од нив биле затворени. Втората фаза (1933 – 1940) покажува поинтензивен развој со девет основани претпријатија. Од основаните претпријатија, седум биле со седиште во Скопје, економски и административен центар кој привлекувал домашен и странски капитал. 

Фирмите во македонскиот текстилен сектор се бавеле со: одмотување на свила, ткаење на штоф од памук, волна и вештачка свила, трикотажа и друго. Најзначајните индустриски објекти биле ткајачниците за памучни производи. Пред војната текстилните фирми биле мали претпријатија. Имало диспропорција помеѓу капацитетите за одмотување и ткајачниците. Единственото претпријатие кое поседувало предилница била фирмата за обработка на волна и памук во Струмица. Оваа состојба делумно се должела на големите инвестиции кои биле потребни за основање на предилница. Кон тоа и добитокот од инвестициите во предилниците бил повисок. Инвеститорите во тоа време, како и во денешно време, биле заинтересирани само за профит така да не зачудува што во еден период се инвестирало само во ткајачници.

Доцното појавување на текстилната индустрија во меѓувоениот период се должел на недостаток на капитал, индустриска енергија, квалификувани работници. Некои странски фирми нуделе памучно и свилено предиво за пониска цена од тоа коешто било нудено на локалните пазари со платежен период од еден до шест месеци. Значајно да се спомене е дека повеќето македонски индустриски машини биле купени на старо од економски поразвиените земји – Хрватска, Чешкословачка и Германија. Тие машини биле стари, а во некои случаи амортизацијата била над 50%. Ова резултирало во пониски стапки на производство и во вработување на повеќе работна сила. Во 1938 година првата фирма која работела со 2, а подоцна со 3 – 4 одмотувачници била „Тулбенд“ од Скопје.

Вкупниот капитал инвестиран во текстилната индустирја во недвижнина – земјиште, згради и машини кон крајот на 1940 година изнесувал 17.454.000 југословенски динари (околу 400,000 американски долари во тоа време или денешни 4,000,000 американски долари кога сумата се пресметува со помош на БДП дефлатор[iii]), или 3.5% од вкупното инвестирање во индустријата и рударството. Во 83.4% од фирмите се инвестирале повеќе од 10.297.000 динари (234,000 американски долари), додека во останатите 16.6% фирми се инвестирале 7.157.000 динари (163,000 американски долари). Текстилната индустирја го зазела четвртото место по инвестиции, по прехрамбената, дистрибуцијата на електрична енергија и тутунската индустрија. Во 1939 година македонскиот текстилен сектор вработувал 434 лица, или 5% од вработените во индустријата.[iv] Платите биле многу ниски, до 1936 ниту била одредена минимална плата. Во 1937 минималната плата била фиксирана на 2 динара на час (пер американски доларски центи), но имало толку многу работници што дури и оваа плата била намалена.

Македонската текстилна индустрија минала низ период на постојан пораст во меѓувоениот период. Производството особено се зголемило во втората половина на овој поериод. Во тоа време биле основани индустирски претпријатија  - „Тулбенд“ во Скопје, текстилната фабрика „Вардар“ исто така во Скопје, текстилната фабрика Скопје, и т.н. Во овој период повеќето производи биле направени од памук иако се одржувало и производството на волнени производи. Вкупното производство на текстилната индустрија во 1940 година било еднакво на 32.250.000 динари, каде што 4.500.000 отпаѓале на волнени производи, или 13.83% од вкупното производство во текстилниот сектор.

           

Текстилните и конфекциските индустрии во Македонија во времето на СФР Југославија и денес

 

Инвестирање

 

Со програмата за петгодишно планирање владата на СФРЈ одлучила да ја промени македонската економија од првенствено занаетчиска во индустриска. Затоа се инвестирало во неколку клучни сектори: производство на електрична енергија, металургија, хемиска индустрија, тутунска индустрија, кожна индустрија, прехрамбена индустрија и текстил. Според петгодишниот план повеќето инвестиции беа направени во „производство на електрична енергија -  36,6%“; потоа во текстилната индустрија - 16,7% и во неметалската индустрија со 12,6% од вкупните инвестиции во индустрискиот сектор во периодот помеѓу 1947-1953“[v]. Во текстилната индустрија во Македонија биле изградени два огромни капацитета: Тетекс (во Тетово) и Македонка (во Штип). Првоспоменатиот капацитет бил планиран за произведување на волнено предиво и платна и штофови; второспоменатиот капацитет бил планиран за предење на памучна предиво и ткаење на памучни штофови. Ова обезбедувало балансирано текстилно производство кое во претходниот период било непропорционално.  Инвестициите значително придонеле кон зголемување на вработеноста, така во 1947 година текстилниот сектор вработувал само 393 лица (5,3% од сите вработувања во целата индустрија)[vi], во 1953, по изградбата на капацитетите во Штип и Тетово, вработеноста во текстилниот сектор се свела на 9850 лица или 32%[vii] од сите вработувања во индустријата.

Производство

 

Во социјалистичко време, текстилните и трикотажните индустрии во Македонија постојано растеле во периодот од 1946 до 1989 година. Растот бил особено забележителен помеѓу 1960 и 1970 година, показателот пораснал од 35 до 100.

 

 

Иако порастот во индустриското производство во овие индустрии и особено во текстилниот сектор се намалил во 1980те, позитивниот тренд траел до 1989година. Изразено во реални бројки, производството на предиво пораснало од 10007 тони во 1965 година, до 18562 во 1974 година и 22021 во 1984 година.

 

 

Слично, производството на штофови пораснало од 783,000 м2 во 1939 до 2,493,000 во 1953 година, и од 26,594,000 во 1965 година до импозантните 43,782,000 во 1974 година и фасцинантните 63,727,000 во 1984 година.

 

 

            Производството на конфекција пораснало од 175,000 метри во 1946 година, до 444,000 во 1953 година, 1,341,000 во 1965 година, 4,020,000 во 1974, до 12,776,000 во 1984 година.

 

 

Почнувајќи од 1990 година започнало остро опаѓање на оваа индустрија. Намалувањето било мало во производството на конфекција 10,451,000 м2 во 1994 година споредено со 12,776,000 во 1984 м2, но позначително во текстилниот сектор. Разликата во производство на предиво изразено во тони во 1984 – 22021, и 1994 – 7583 беше трократно, додека разликата во производството на штоф беше истотака значителна; 63,727,000 м2 биле произведени во 1984 година додека само 27,548,000 во 1994 година. Опаѓањето во сектотот на конфекциското производство траело до 1996 година, стабилизирајќи се во следните години, до 2000 година. Во исто време, опаѓањето на производството на текстил и платна било континуирано. Следниов приказ е доказ за опаѓањето.

 

 

Опаѓањето во овие сектори продолжил и по 2000 година и тоа со подраматична состојба во текстилниот сектор.

 

Приказ: Показател на производството на конфекција и текстил 1998-2003

Во периодот пред 1989 година, уделот на македонското производство на текстил и конфекција во производството на Југославија исто така пораснал. Македонското производство на штофови порасна од 2% во 1946 година на 15% од југословенскиот удел во 1985 година. Во 1985 година тоа било поголемо од производството на Босна и Херцеговина и не многу помало од тоа на Србија; 52703000 во Македонија и 7294600 во Србија. Што се однесува до македонскиот удел во вкупното југословенско производство на конфекција, тоа пораснало од 4% во 1955 до 12% во 1975 година, за некаде во 1985 година да падне на 8%.

 

Опаѓањето на македонската конфекциска и текстилна индустрија по 1989 година е очигледно доколку се спореди со целата македонска индустрија. Додека во 1990 година уделот во производството на текстилни предива и ткаенина во целата македонска индустрија бил 6.3 %, во 2000 година тој бил 2.3, додека уделот во производството на индустријата во производството на финални текстилни производи паднал од 10.5% во 1990 година, на 6% во 2000 година. Така, во 1990 година, односот помеѓу двата под-сектора во 1990 година бил 1:1.4, а во 2000 година се сменил во 1:2.6. Во 2003 година јазот се зголемил на 1:3.5.

 

Години

Удел во конфекција во БДП

Удел во текстил во БДП

1990

10,5%

6,3%

2000

6%

2,3%

2003

7%

2%

 

За 2003 година, бруто производството на производството на текстил изнесувало 2 %, а производството на конфекција било 7% од вкупното бруто производство на индустријата.[viii] Во рамките на вкупното индустриско производство (показател на индустриско производство), текстилната и конфекциската индустрија придонесуваат со 8.8 %, производството на текстил со 4.3 %, а производството на конфекција со 4.5 %.[ix] Според Студија со осврт на минатото на Македонија[x] уделот на индустријата за облека во македонската економија во 2002 година изнесувал 11,25 % од БДП, 0,65% производство на текстилни материјали и 10,60% производство на елементи за облека делови облека за понатамошна обработка и за сушење на крзно. (Види Табела 17) мИнистерстовот за економија проценува дека тоа учествува со 8.84% во вкупниот број на фирми во економијата и дека придонесува кон БДП со над 10%.[xi]

 

ВРЕДНОСТ НА ПРОИЗВОДСТВОТО НА ТЕКСТИЛ И КОНФЕКЦИЈА

 

Вредноста на производството на текстил и конфекција изразена во американски долари покажува постојан пораст од 8,053 милиони американски долари во 1954 до 25,386 милиони американски долари во 1959 година, 50,543 милиони американски долари во 1964 година, 66,680 милиони американски долари во 1969, за да постигне импозантни 258,121 милиони американски долари во 1974 година. Тогаш, по падот во 1979 (167,883 милиони американски долари) сéвкупната вредност на производството на текстил и конфекција го достигнал својот апсолутен врв во 1984 година со огромната сума од 463,615 милиони американски долари.[xii] Оттогаш вредноста на производството на текстил и конфекција забележува остар пад и „стабилизација“ и во 1989 година и во 1994 година со 134,378 милиони американски долари и 141,097 милиони американски долари.  Потоа вредноста на производството повторно се зголеми на 226,713 милиони американски долари во 1999 и 187,086 милиони американски долари во 2002 година. 

 


 

 

ВРАБОТУВАЊЕ

 

Овие индустрии исто така доживувале намалување на бројот на вработени. Како што може да се види од Приказите 10 и 11, бројот на работници во овие индустрии забележувал постојан пад во 1990те, и тоа доста остар во текстилниот сектор, а помал во производството на конфекција.

 

ПРИКАЗ 10

 

ПРИКАЗ 11

 

Најголем пораст во вработувањата во текстилниот и конфекцискиот сектор настанал во текот на 70те и 80те. Бројот на вработени во двата сектора се зголемил од 17.500 во 1969 година, на 26.200 во 1974 година, 39778 во 1979 година и 51.450 во 1984 година до 64.361 во 1989 година кога започнал процесот на трансформација. Од друга страна, имало 40.999 вработени лица во производството на текстил и конфекција во 1994 година, 31.056 во 1999 и 26.317 во 2002 година. Според официјални податоци од Мионистерството за Економија во 2004 година имало 36639 вработени во текстилниот и конфекцискиот сектор.[xiii] Од тие 5,059 се работници во текстилниот, а 31,580 во конфекцискиот сектор. Покрај намалувањето на бројот на работниците кое можеби се должело на практиките на прекумерно вработување во времето на социјализмот и на индустриското производство, индустријата за производство на текстил и конфекција се едни од најзначајните сектори на вработување во земјата со 8.6% од регистрираните вработени кои работат во овие сектори.[xiv] Оваа индустрија е главен вработувач со околу 30 % од вкупниот број на вработени во индустрискиот сектор.[xv] Во однос на вработувањето, тој е навистина најголемиот индустриски сектор. Во втората индустриска гранка, производство на прехранбени производи и пијалоци, има 16938 работници, додека во третата, производство на метални производи, има 9,590 вработени.[xvi]

 

ПЛAТИ ВО ТЕКСТИЛНАТА И КОНФЕКЦИСКАТА ИНДУСТРИЈА[xvii]

  

Комбинираната просечна месечна плата и во текстилната и во конфекциската индустрија достигнувала до 21,6 американски долари во 1954 година, а потоа се искачила на 36,3 американски долари во 1959 и 85,3 американски долари во 1964 година. Потоа била намалена на 51, 5 американски долари во 1969 година за повторно да се искачи во 1974 и 1979 до 106,9 и 198,5 американски долари. По повторното намалување во 1984 година (96 американски долари[xviii]), просечната плата во текстилниот и конфекцискиот сектор се искачила до „рекордните„ 543 американски долари.[xix] По распаѓањето на Југославија, официјално регистрираните плати во македонската текстилна и конфекциска индустрија изнесувала 120 американски долари во 1994, 106,2 во 1999 година и 94,6 американски долари во 2002 година.

 


 

 


 

 


 

ИЗВОЗ

 

Конфекциското и текстилното производство е значаен извозно ориентиран сектор. Во рамките на македонските извози кон ЕУ во 2003 година најмногу од извезените производи биле токму текстилните производи ((46.4%),).[xx] Уделот на текстилот и конфекцијата во сите македонски извози достигнал до 25,5% во 1990 година (текстилни производи - 6,8%, конфекција, штавење и боење на крзно -18,7%), а потоа паднал на 15,3% во 1995 година (текстилни производи – 5,9%, конфекција, штавење и боење на крзно -9,4%). Оттогаш уделот на текстилот и на конфекцијата во сите македонски извози почнал да расте за да достигне 26,8% во 2000 година (текстилни производи - 2,8%, конфекција, штавење и боење на крзно - 24%), 33,2% во 2002 година (текстилни производи – 3,2%, конфекција, штавење и боење на крзно - 30%) и 34,2% во 2003 (текстилни производи – 3,1%, конфекција, штавење и боење на крзно -31,1%). Во овој период уделот на текстилните производи во сите македонски извози постојано се намалувал додека уделот на конфекциските производи постојано растел. Вкупната вредност на извозите на текстилни и конфекциски производи изнесувала 269,85 милиони долари во 1990 година (текстилни производи – 42.5 милиони американски долари, конфекција, штавење и боење на крзно – 227,3 милиони американски долари). Во однос на уделот во сите извози 1995 година се покажала како критична година во однос на вредноста на извозот, комбинираната вредност изнесувала 122,5 американски долари (текстилни производи – 26,3 милиони американски долари, конфекција, штавење и боење на крзно – 96,2 милиони американски долари). Состојбата се подобрила во следните години и во 2000 година вкупната вредност на извозите на текстилни и конфекциски производи изнесувал 357,9 милиони американски долари (текстилни производи – 46,3 милиони американски долари, конфекција, штавење, боење на крзно – 311,6 милиони американски долари), потоа 371,1 милиони американски долари во 2002 година (текстилни производи - 40,4 милиони американски долари, конфекција, штавење и боење на крзно – 330,7 милиони американски долари) и конечно 453,4 милиони американски долари во 2003 година (текстилни производи - 46,5 милиони американски долари, конфекција, штавење и боење на крзно - 406,9 милиони американски долари).[xxi]  .

 


 

На листата на главни македонски извозни производи за првото тримесечје на 2003 година, според највисоката стапка во вкупната вредност на извозот, конфекциските производи биле четири од вкупно 10-те врвни, на чело со женски кошули. (Табела 12) Ова во основа значи дека од производите кои Македонија ги извезува, најмногу пари таа добива од конфекциски парчиња. Најголемите извозни пазари во 2003 година биле: Германија 38%, Грција 15%, САД 8%, Италија 7%, Холандија 6%, Белгија 5,5%, Обединетото кралство 5%, Франција 4%, Словенија 2% и други земји 9,5%. Во 2004 година конфекциските и текстилните извози придонеле со 32% од вкупните извози на Македонија. (29%, и 3 %) Може да се заклучи дека и покрај падот во 1990те и раните 2000ти, текстилното и конфекциското производство е најголемиот економски сектор во Македонија. Тоа што е значајно за нашата студија е дека денес висока концентрација на македонски средни и големи фирми (дваесет) има во Штип и дека околу 15% од конфекциските производители од земјата се наоѓаат во Штип

 

 
 

Историјата на текстилот и конфекцијата во Штип: „Астибо“ и „Македонка“

 

 

По Втората светска војна Македонија поминала низ период на брза индустријализација. Од 7,371 лица вработени во индустрискиот сектор во предвоениот период, бројките пораснале на 13,634 во 1947 година, 20,540 во 1950, 36,653 во 1956, и 53,959 во 1960 година.[xxii] Фабриката за преработка на памук „Македонка“ заедно со производителот на волнени производи „Тодор Чиповски Мерџан (Тетекс)“ од Тетово и фабриката за свила „Нонча Камишова“ од Велес, беше сметана за темел на равојот на македонската текстилна индустрија.[xxiii] Текстилна фабрика „Памучна Индустрија Македонка“ беше зачната и формално основана во 1950 година. Врз основа на деловниот план на инженерот Павел Домицељ од фирмата Текстил Пројект со седиште во Словенија, во јули 1950 година на една празна ливада позната како „Ежова полјана“ во близина на патот Штип - Кочани започнала изградбата на колосалниот објект.[xxiv] Изградбата завршила во април 1952 година кога започнало производството на текстилни предива во предилницата со 120 лица.[xxv] Повеќето машини биле нови, купени од фирмата Плат (Platt) со седиште во Обединетото Кралство.

 

Фотографија: Колосалниот објект на фабриката Македонка изграден во раните 1950ти.

 

 

Комплексот бил детално изпланиран со гардероби, тушеви, ресторан и продавница, амбуланта, лаборатории и административни простории. Во тоа време таа била една од најголемите и најмодерните фабрики во целата СФР Југославија.[xxvi] Поточно, во 1954 година БДП на „Македонка“ изнесувал 40% од штипскиот регион (овчеполската околија), а 54% од индустријата на истиот регион. Една година подоцна, во 1955 година, уделот на Македонка во БДП изнесувал 65% и 80% од БДП на индустријата на регионот.[xxvii] Комплексот „Македонка“ вклучувал еден ресторан кој служел еден бесплатен оброк на ден за вработените, три дисконт продавници и една библиотека.[xxviii] За потребите на нејзините работници фабриката дополнително изградила комплекс станбени згради, така во 1962 година „Македонка“ поседувала 171 двособни станови и 120 еднособни апартмани. „Македонка“ давала кредит без камата на децата на вработените кои студирале. Кредити имало и за други цели исто така.[xxix] Од 1970 година Македонка исто така имала камп на брегот на Охридското Езеро, летно одморалиште на планината Плачковица и хотел на Дојранското езеро. Работниците при користење на хотелите плаќале симболични цени, а главно фабриката ги финансирала одморалиштата.[xxx] Културно Уметничко Друштво „Македонка“ исто така било формирано во 1965 година со околу 11 изведби годишно, 2-3 концерта во градот и 8-10 концерта на други места. Тие освојувале бројни награди, дипломи и плакети.[xxxi]

  

Фотографија: Плакета на која е означенo започнувањето на работата во Македонка.

 

 

 

Во раните фази „Македонка“ имала недостиг на образован персонал. Во 1955 година кога фабриката имала вкупно 1.224 работници од кои само 14 биле високо-квалификувани, 124 квалификувани и 448 полу-квалификувани додека 638 биле неквалификувани.[xxxii] Така, за потребите на фабриката биле отворени Индустриско-техничко училиште во 1954 година и Текстилното-техничко училиште во 1955 година. Во 1960 година овие училишта биле затворени; на нивно место бил отворен Училишен центар за образование на кадри од текстилната струка.[xxxiii] Исто така во рамките на Работничкиот универзитет биле организирани специјализирани технички курсеви за образување на работници. Во 1955 година околу 530 работници ги посетувале тие курсеви.[xxxiv] Во рамките на „Македонка“ во 1959 година бил отворен Центар за стручно образување на работниците насочен кон понатамошно образување и специјализирање на работниците. Фабриката исто така давала разни стипендии (вкупно 29 за 1956 година, 82 за 1961, на пример) за ученици од средните и стручните училишта, како и за студентите.

Развојот на фирмата не бил обележан само со нејзиното физичкото зголемување туку и со воведувањето на нови производни линии. Во 1955 година во предилницата била додадена ткајачницата, а во 1957 година облагородилницата – обработувачките капацитети, додека во 1957 година бил додаден и друг оддел, „вигоњ предилницата“- (еден вид предилница). Така, фирмата од предилница израснала во фирма за преработка на памучни ткаенини. „Македонка“ произведувала три разни видови на производи: предиво, сирова ткаенина и готови производи. Одделението за дизајн се развивало така што во 1971 година биле направени 400 различни дезени и дизајни додека во почетните години не можело да се направат повеќе од 30. Во 1983 година „Македонка“ изградила фабрика за производство на фармерки и купила лиценца за производство на Вранглер (Wrangler) од САД.[xxxv]

„Македонка“ профитирала од причини што памук се одгледувал во штипскиот регион и насекаде низ земјата.[xxxvi] Иако податоците кои се прикажани тука го документираат производството од 1939 година, памук во оваа земја се произведувал долго време. Постојат докази дека Штип имал многу памучни полиња кон крајот на XIX век.[xxxvii] Во времето на Југославија само Македонија задоволувала 90% од потребата за памук во федерацијата. Како што може да се забележи во Табела 21, памук во Македонија се произведувал во големи количини.[xxxviii]  Производството на памук го доживеало својот врв во раните 70ти.[xxxix]

 

Приказ: Производството на памук до 1973 година: Вкупно производство во тони

 


 

Важноста на оваа фабрика била толку голема што врховниот водач на Југославија, Јоспи Броз – Тито ја посетил во мај 1959 година.  Производите на фабриката се продавале насекаде низ поранешна Југославија и биле изложувани на индустриски саеми во Загреб и Лесковац. „Македонка“ имала партнери низ целата земја како што се „Атекс“, „Србијатекс“, „Текстилпромет“ (Загреб), „Славонијатекс“ (Осијек), „Текстил“ и „Велетекстил“ од Љубљана, „Стотекс“ од Краљево, „Нишпромет“ од Ниш и „Трготекстил“ и „Скопски магазин“ од Скопје, како и претставништва во седум градови на поранешна Југославија: Белград, Краљево, Загреб, Сарајево, Љубљана, Штип, Нови Сад.[xl]. Во тоа време 80% од производството било договорно.[xli] Зделките биле склучувани преку посредници како „Макотекс„ од Скопје и „Текстил“ од Загреб. Мал дел од зделките бил склучувани преку „Југотекстил“ (Љубљана), „Центротекстил“ од Белград. Така, уште во 1957 година фабриката почнала со извезување. Во 1959 година, една од успешните години, фабриката извезла половина од своето производство; околу 30 % од извозното производство било продадено во Бурма, а 19 % во Западна Германија. [xlii] Додека во раните 70ти нејзиниот извоз вредел повеќе од 3 милиони американски долари, главната улога се чини дека била трговијата во рамките на Југославија. Во 1977 година фабриката извезла 20% од своето производство. Во 1981 година „Македонка“ остварила извоз во вредност од 227 милиони динари додека во првите месеци на 1982 година, извозите вределе 320 милиони динари од кои 263 милиони биле остварени на западните пазари.[xliii]  Во 1983 година „Македонка“ извезла 3.5 милиони американски долари.[xliv]

Во 1970те се реализирала идејата за здружување на сили со други текстилни и конфекциски фабрики и „Македонка“ станала дел од „Интекс“ конгломератот.[xlv] „Македонка“ инвестирала во основањето на следниве фабрики: предилниците „Малешевка“ од Берово, „Овче Поле“ од Свети Николе, производителите на конфекција „Партизанка“ од Делчево, „Алкалоид“ од Берово и ткајачницата и производител на фротир, крпи, големи крпи, постелнина и бањарки од Делчево. Сите три, Берово, Делчево и Свети Николе се многу мали планински градови во источниот регион на Македонија. Идејата била овие фабрики економично да го користат платното произведувано од „Македонка“.”[xlvi] Производителот на конфекција „Астибо“ исто така започнал како производна линија на „Македонка“. Всушност, текстилната индустрија на Штип била поврзана со развојот на други индустриски капацитети во регионот.

 

Мапа на Македонија со Берово, Делчево и Свети Николе

 

 

 

Во првата година на своето постоење „Македонка“ вработувала вкупен број од 500 лица[xlvii] кој постојано растел. Во 1955 година фабриката веќе достигнала број на вкупно 1224 работници, додека во 1961 година бројот на лица вработени во „Македонка“ пораснал до 2786.[xlviii] Повеќето работници биле млади, само 14 %  биле постари од 40. Во таа фаза, по државна наредба, многу селани од штипскиот реон биле земени да работат во текстилната фабрика. Така, во 1955 година, фабриката достигнала бројка од вкупно 1.224 работници, додека во раните 1960ти бројот на лица вработени во „Македонка“ пораснал на 2.786.[xlix] Во средината на 1960те таа вработувала 3.070 работници.[l] Во 1970 година имало 3.500 вработени, 80 од нив со универзитетско образование, 188 високо-квалификувани, 862 квалификувани, 648 полу-квалификувани и 1.281 без квалификации, 268 со завршено средно образование, 83 со завршено основно образование и т.н.[li] Бројот пораснал на 3700 лица во 1973 година и 4160 во 1977 година.[lii] Во 1979 година таа вработувала 4.300 лица и произведувала 19 милиони метри сирова ткаенина и 17 милиони метри завршни ткаенини.[liii] Најголем број на работници во „Македонка“ бил регистриран во 1987 година, 5900.[liv] Оттогаш бројот постојано се намалувал сé до ликвидацијата на фабриката во 2001-та година.

 

 

Година

„Македонка“ Број на работници

1952

500

1955

1224

рани 1960ти

2786

средина на 1960ти

3070

1970

3500

1973

3700

1979

4300

1987

5900

1991

4200

1995

3500

декември 2001

3009

 

 

Приказната на Астибо

  

Со постоењето на „Македонка“ која произведувала ткаенина и штофови, било природно да се отвори и фабрика за конфекција.[lv] Така, бил формиран  “Астибо„ во 1962 година како одделение во рамките на „Македонка“ со 119 вработени и брзо растел.[lvi] Во почетокот фабриката била сместена во празните депоа на тутунската фабрика „Монопол“. Во 1967 година имало 320 вработени и била претворена во автономна социјалистичка организација, т.н. „ООЗТ“ (BOAL на англиски, ООЗТ означува основна организација на здружен труд), со Михаил Недков како нејзин директор. Во ова време владеела светска криза која ја погодила текстилната индустрија и производните единици на „Македонка“ надвор од Штип во другите градови на источна Македонија, како и „Астибо“, добиле автономен статус. Во тоа време „Астибо“ бил наречен ООЗТ „Конфекција Македонка Штип“. Дури во 1978 година, со организациската реорганизација на ООЗТ „Машка програма - Младост“, „Солидарност“, „Женска програма“, „Егзотик“, „Детска програма - Пинки“, „Галаксија“, „Општествена исхрана“ и „Астибо комерц“, „Астибо“ стана одделна компанија „Работна организација модна конфекција“ Астибо.[lvii] Основната дејност на Астибо бил дизајнот, производството и дистрибуирањето на машки, женски и детски готови облеки.

Во 1972 година, фабриката „Астибо“ имала околу 2.000 вработени. Следејќи ги препораките за политика – да отвори ограноци во недоволно развиените региони на земјата за да се опфати голем број невработени лица, таму „Астибо“ основа производни единици во неколку градови главно во источниот дел на Македонија како на пример Македонски Брод „Бродчанка“, Пробиштип, „Протекс“, Свети Николе, „Астибо“ – Свети Николе, Крива Паланка, „Паланчанка“, Радовиш „Радовишанка“, Виница, „Винивчанка“, Кратово, „Кратовчанка“ и Македонска Каменица, „Вера Јоциќ“[lviii] Многу од овие единици отворени во источните региони на Македонија, како „Вера Јоциќ“, биле основани како резултат на одлуката на комунистичкото водство да се вработат сопругите на мажите кои работеле во рударските јами во источна Македонија и покрај недостатокот од интерес за овој потфат од страна на самата фабрика „Астибо“.[lix] Земајќи ги предвид сите работници во Штип и во другите места, во „Астибо“ вкупно биле вработени 5.5000 работници.

Деценија по основањето, конгломератот прераснал во еден од најголемите производители на лесна конфекција во Југославија и воопшто еден од врвните пет производители на конфекција со 60 сопствени продавници низ земјата.[lx] Во тоа време фариката Астибо почнала да го извезува своето производство со склучување на договори со странски купувачи, „производство на однапред нарачани и платени парчиња од страна на станските партнери“[lxi] Токму во тој период 1973-1980 година, „производството на текстил и на конфекција доживеало остар пад во старите индустриски региони“ кои минале низ процес на „де-индустријализација“, додека периферните региони на југ и на исток, со или без текстилна традиција, биле избрани за нови инвестиции во текстилното и конфекциското производство.[lxii] До 1978 година „Астибо“ извезла половина од своето производство.[lxiii] Во 1983година „Астибо“ извезла стока вредна 2.4 милиони американски долари. [lxiv] Следната година вредноста на извозите изнесувала 4 милиони американски долари.[lxv] Во првите осум месеци на 1985 година „Астибо“ извезла 5.3 милиони долари.[lxvi]

Фабриката растела и во 1975 година имала 3200 вработени.[lxvii] Во раните 1980те „Астибо“ имала над 3.700 работници и била добро позната во поранешна Југославија.[lxviii] „Астибо“ пораснала толку многу што имала своја здравствена станица, ресторан и детска установа за децата на вработените.[lxix]. Колку добро била организирана фабриката во тоа време може да видиме од фактот дека здравствената станица имала одделение за гинеколошки третман кое нудело, помеѓу другите совети, советување за употреба на контрацептивни средства, лабораторија, педијатар и забно одделение.[lxx] Фирмата дополнително станала значителен дел од градскиот живот бидејќи изградила апартмани за работниците, сопствен ресторан и градинка за децата на вработените. Сîвкупно целиот комплекс на згради на „Астибо“ изнесувал 35.000 квадратни метри. Фирмата имала и хотел од „Б“ категорија „Гарни“ (6 соби, 3 двокреветни и 3 еднокреветни) во центарот на Штип изграден во 1978 година. Во 1970те фабриката „Астибо“ обезбедила еден милион југословенски динари за стипендии и кредити за финансирање на образувањето на децата на вработените.[lxxi]

 

 

Пропаѓањето и падот на Македонка

 

 

Иако била наградена со посебна медаља од Тито во 1977 година, „Македонка“ имала неколку проблеми кои довеле до нејзиното пропаѓање во 1980те и конечен пад една деценија подоцна.[lxxii] Бидејќи „Македонка“ произведувала ткаенини од памук, голем дел од памукот бил произведуван од страна на локалните агрикултурни работници.[lxxiii] Проблемите на „Македонка“ започнале во 1973 и продолжиле кога, како што можете да видите од приказот подолу, настанало значително опаѓање во производството на памук во Македонија. Почнувајќе од 1970те, фабриката сé повеќе зависела од увозот на основните материјали како на пример памукот.[lxxiv] Кои биле причините за намалувањето на производството на памук во Македонија? Во раните 70ти постоел голем оптимизам во однос на иднината на македонската памучна индустрија. Браните во Водача и Тулија биле изградени и обезбедиле комплетен систем за наводнување кој бил неопходен за зголемување на производството на памук, а биле купени и 50 комбајни од поранешна СССР за земјоделско индустриските комбинати (ЗИК) од разни краишта на републиката.[lxxv] Всушност, зголемување на производството на  памук било потребно бидејќи тогашното производство речиси целото било искористувано од „Струмичанка“ и „Македонка“. Сепак, оптимизмот бил со краток век и настанало опаѓање на производството на памук. И покрај подобрувањето на некои од факторите кои влијаеле врз производството, како на пример наводнувањето, производството на памук и понатаму било крајно исцрпувачко, периодот на растење долг, а добивките многу ниски во споредба со работата која се вложувала. Дополнително, дел од проблемот бил што споменатите 50 комбајни биле на располагање на ЗИК, но не и на поединечните производители (кои биле принудени рачно да ги одгледуваат своите посеви) на памук кои доминирале во памучниот сектор. Немало ни доволно машини за одделување на памучното влакно од семето.

И уште, на светските пазари на памук во 1970те се појавиле некои навистина големи производители како на пример Австралија, додека другите производители како Кина, Индија и Бразил доживеале значително зголемување на нормата со што дошло до намалување на цените на овие производи. Кога во 1970те Кина започнала со интегрирањето на својата економија на глобалните пазари, достапноста на памукот, а во таа смисла и резервите на памук значително се зголемиле и ова автоматски влијаело врз светските цени на памукот и довело до нивно намалување.[lxxvi] Така, бидејќи настанало значително намалување на цената на памукот на светскиот пазар во раните 1970ти, во Македонија станало економски поисплатливо да се увезува памук од социјалистичките партнери во Египет или СССР наместо да се произведува сопствен памук. Во 1980те речиси сиот памук употребуван во „Македонка“ бил увозен.[lxxvii]   Всушност, „Македонка“ извезувала ткаенини во источниот блок во замена за памук. Во првите пет месеци на 1982 година извозите од поранешниот социјалистички блок вредни 56 милиони динари биле употребени за набавување на памук.[lxxviii] Во средината на 1980те околу 90% од употребениот памук бил увозен. [lxxix]

Приказ: Показатели на намалени цени на памук 1970-2001 година


 

Извор: Земјоделски производи: Профили и релевантни преговорни прашања на Светската Трговска Организација

 

Како последица на тоа, македонските фармери го намалиле производството на памук и постепено преминале на одгледување на други попрофитабилни земјоделски производи. Со текот на времето новите објекти (брани, систем на наводнување) и опремата се употребувале за одгледување на раноградинарски култури. Денес, Институтот за јужни земјоделски култури во Струмица е речиси единственото место во Македонија каде што сé уште се одгледува памук и тоа само за научни цели.[lxxx]

 

Приказ: Производството на памук во Македонија 1974-1997 година

                                                                                                     


 

 

Со намалувањето на производството по 1973та година, сé помалку региони произведувале памук, па така до 1992 година Велес произвел 7, Кавадарци 12, Гевгелија 4, и Валандово (во струмичкиот регион) 6 тона, додека од 1995 до 1997 година Валандово бил единствениот регион во земјата каде што се произведувал памук. Во 1998 година веќе никаде во Македонија не се произведувал памук.

Друг клучен проблем била прекумерната вработеност во фабриката како резултат на партиското мешање во економијата. Масовната индустријализација во повоениот период била преземена без премногу грижа за стварната потреба од вработување на луѓе. Повеќе лица отколку што било потребно биле вработени во новите фабрики, а продуктивноста пониска од оптималната.[lxxxi] На пример, веќе во раните 1960ти години економската логика за основања на ткаечници и производители на конфекција со користење на ткаенините на „Македонка“ се покажала како погрешна бидејќи сателитските фабрики во Берово, Свети Николе и Делчево почнале да носат загуби. Сепак и покрај тоа, тие и други погони, погрдно нарекувани уште и политички фабрики, морале да се отвораат за да се привлече големиот број на невработени во регионот.[lxxxii] Годишните загуби на фабриката во Берово за 1965 година биле проценети на 50 милиони југословенски динари. Вториот фактор кој влијаел на економското пропаѓање на фабриките бил лошиот менаџмент. Третиот фактор кој го предизвикал пропаѓањето на „Македонка“ лежел во економските потешкотии на Југославија во 1980те и раните 1990ти и падот на пазарот предизвикан од војните на разединувањето на федеративната република. Во 1980те фабриката не остварила никаков добиток, но системот морал на работниците да им исплаќа плати. За да ги исплати платите раководството набавувало средства со позајмици од разни банки, дури и од рударската фирма Саса од Македонска Каменица. Двата најстари производни објекти, предилницата и ткајачницата, носеле загуби и можно решение било разделувањето на фабриката на помали единици. Но, постарото раководство водено од генералниот директор Панче Брашнаров во периодот 1989-1992 година одбило какви било промени во структурата на „Македонка“ и покрај тоа што тие можеле да помогнат економски поодржаните делови од фабриката да ја поминат претстојната преобразба полесно.[lxxxiii]

Војните и распаѓањето на Југославија негативно влијаеле врз работењето на фабриката, уште во раните 1990ти не само што имало пад на југословенскиот пазар на кој фабриката била насочена, туку, што е и уште позначајно, „Македонка“ не можела да ги реализира своите финансиски побарувања од фирми од сите краишта на поранешна Југославија.[lxxxiv] Во 1992година Делчо Лазаров станал нов генерален директор и бил подготвен во соработка со владата да започне активна постапка за банкрот. Според програмата за ликвидација подготвена од страна на македонската влада, истата година двете најпроблематични единици, предилниците и ткаечниците требало да бидат ликвидирани и продадени на заинтересираните странки.

 

Пропаѓањето: Делови од „Македонка“ денес

 

Бидејќи финансиските загуби на „Македонка“ продолжиле и во раните 1990ти, таа била вклучена во посебната програма за реструктуирање на 25те најголеми фабрики - загубари во земјата.[lxxxv] Владата била насочена кон реорганизацијата на фирмата и решавање на проблемот на прекумерната вработеност со програма на Светската Банка. Средствата од оваа програма за отпусно исплаќање на вишокот вработени во Македонија изнесувале 1.8 милиони американски долари. [lxxxvi]  Живко Толевски, водачот на синдикатот на „Македонка“ не се согласил со ова решение и организирал нов штрајк. Нештата се разбуркале и постапката на ликвидација била одложена додека производството продолжило и покрај загубите. Платите биле исплаќани од заеми за кои како гаранција била ставена поспоредната сопственост на „Македонка“. Таквата состојба била неодржлива и работниците биле принудени да земат одмор и да примаат 70% од нивните плати.


 

 

Отпуштањето се одвивало во две фази, така во март 1995 година во Заводот за вработување во Штип била исплатена финансиска компензација и отпусна исплата на втора група на 650 отпуштени работници на „Македонка“. 650-те работници биле прогласени за технолошки вишок во „Македонка“.[lxxxvii] Во октомври 1995 година, владата одлучила да го започне процесот на приватизација.  Согласно одлуката на Владината комисија за преобразба на јавните претпријатија, која ги разгледала извештаите за процесот, за трансформација на 13 (од 25) претпријатија со слабо производство, седум такви фирми добиле „зелено светло“ за приватизација, а меѓу нив била и „Македонка“ од Штип.[lxxxviii] Следната година, Агенцијата за приватизација одлучила да ги префрли долговите на „Македонка„ на осум одделни правни лица кои настанале од посебните одделенија на фабриката. Но, и осумте нови правни лица истотака имале загуби и продолжиле со лошото економско работење.

Бидејќи реорганизираните посебни лица работле слабо во годините кои следеле, во 2000-та година владата започнала стечајна постапка. Добитник на меѓународниот тендер бил Зоран Крстевски, италијански државјанин со македонско потекло. Тој планирал да ја реорганизира фабриката чекор по чекор, да ја замени старата машинерија со нови италијански машини и повторно да вработи работници од „Македонка”. Тој имал намера да се завршат правните постапки поврзани со купување на фабриката што поскоро, но бил соочен со организирани протести од страна на работниците кои не му дозволиле ни да влезе во просториите на фабриките кои требал да ги купи. По таквиот пречек, г-дин Крстевски решил да не инвестира во „Македонка” и притоа пропаднал првиот обид за приватизација на „Македонка”. Подоцно имало и неуспешни обиди за приватизација на компанијата преку моделот на откуп од менаџерите и вработените. [lxxxix] 

 


 

 

Иако до 2001 година приватизацијата изгледала како најповолно решение, ниедна работна единица на „Македонка” не била приватизирана, поради, како што некои тврдеа, „недефинираниот став на владата спрема компаниите кои трпеа загуби, а кои одамна требало да бидат продадени или затворени како што тоа го бараа меѓународните монетарни експерти.[xc] Главниот проблем со приватизацијата на „Македонка” било тоа што откако почнаа промените во политичкиот систем и почетокот на падот на компанијата, машините, другата опрема и производствените капацитети воопшто не биле  редовно одржувани, а купувачот требало да вложи огромни средства за да ги поправи и да го рестартира производството.[xci] До крајот на годината Владата решила да ја ликвидира „Македонка”, продавајќи ја дел по дел. За времето на ликвидацијата, во декември 2001 година, компанијата имала регистрирано 3.009 работници.

 

 

 

 

До 2003 година, од различните работни единици на „Македонка”, една по една, изникнале правни лица кои биле приватизирани како што следи:

 

 

Приватизираните одделенија на „Македонка”[xcii]:

Број на вработени[xciii]

Купено од правно лице (физичко), кој ја користи раб. единица денес

Број на вработени во 2004/05

Постелнина

208

Макпромет (Миле Атанасов) изнајмено на „Микотекс”

Микотекс: 180 вработени

Предилница

742

Макпромет[xciv] изнајмено на Баргала

Баргала: 986 Вработени

Ткајачница

1227

Оаза (Славе Ивановски и Љупчо Манџуков)[xcv], изнајмено на EAM, Елан Трејд и Протекс Ас. Политекс е во сопственост на Оаза.

Политекс, (фабрика за производство на фротир и финални производи): 5 (0)

Протекс Ас:

10 работници

– планирано да се зголеми на 50

ЕАМ: 45 работници

Микотекс

180 работници

Елан Трејд (производство на мебел):

Фармерки/тексас

584

Недефинирана сопственост Методија и Игор Смиленски, изнајмено на, Текстил Инвест Деним, Текстил Инвест Конфекција, Илинден Текстил

ТИД: 130 работници ТИК: 80 работници

Илинден: 100 работници

Шпедиција и транспорт

38

Фирмата Кит-го (во сопственост на Крум Гогов)

 

Услужни дејности и енергетика

81

Бобо Менувачница (Ристе Мицев)

Услужни дејности и енергетика 15

РОС (резервни делови, опремување и сервисирање)

36

Благоја Темелковски од Скопје, сопственик на ЦЕР, регистрира нова компанија ЕЦМ која ќе раководи со РОС

ЕЦМ 20 планирано да се зголеми на 36

Општествени стандарди

93

Прециз (Тони Манев) изнајмено на „Максима”

Максима: 185 работници

Хотел Македонка, Дојранско Езеро, градинка, ресторан и 3 продавници

 

Прециз

 

Вкупно

3009

 

1891

 

 

Поголемиот дел од просториите на Македонка кои беа откупени од различни сопственици се сега изнајмени. Политекс, компанија која произведува фротир, крпи, пешкири за плажа, постелнина и бањарки е во сопственост на Славе Ивановски, сместена е во мал простор во рамките на поранешната АД Ткајачница. Компанијата била ликвидирана во јуни оваа година и била понудена за продажба заедно со машините и просториите. Моментално има 20 машини набавени во седумдесетите од кои дел можат да бидат реновирани и користени за производство. Пред трансформацијата, во оваа работна единица, АД Ткајачница, работеле 254 работници. Кога г-дин Ивановски го купил „Политекс”, имало 100 работници од кои само пет биле вработени од новиот сопственик. Работниците се надеваат дека новиот сопственик на АД Фармерки, чија продажба е предвидена за 6. септември 2005 година, ќе се заинтересира и за „Политекс” со цел да ја купи компанијата.[xcvi]

Голем дел од „АД Ткајачница”, од околу 6000м2 бил изнајмен на десет години од грчката компанија „Протекс Ас”.[xcvii] Основната дејност на оваа компанија било производство на волнено предиво од сурова волна наменето за производство на теписи. Според менаџерот Петар Димитровски актуелниот број на вработени е 5 лица, но по едногодишна подготовка тие планираат да започнат производство во летото и да вработат уште 50 лица, поранешни работници на „Македонка”.[xcviii] За започнување на производството, планираат да увезат суровини, волна од Грција, а во иднина да откупуваат волна и од Македонија. Инсталираниот производствен капацитет е околу 50/60 тони месечно, а планот е целокупното производство да се пласира на странските пазари, највеќе во Велика Британија, Германија и Данска. Машините за произаводство кои се стари дваесет години, произведени во Италија и Белгија, биле префрлени во „Македонка” од другата компанија на сопственикот со седиште  во Лариса. Одржувањето на машините и нивниот превоз го обезбедува грчкиот сопственик. До крајот на месец август, „Протекс Ас” започна со пробно производство на волнено предиво, вработувајќи 10 лица.[xcix]

Друг дел пак од АД „Ткајачница” бил откупен од штипскиот конфекциски производител „ФАМ”. Според сопственикот на АД Ткаенини, Славе Ивановски, најпрофитабилно е да се дадат под наем или продадат делови од ова поранешна работна единица на „Македонка”.[c] Тој би сакал да ја претвори „Македонка” во бесцаринска зона и на тој начин да се привлечат странските инвеститори. Другата негова идеја е „Македонка” да се претвори во универзитетски комплекс. Иако има разновидни идеи за тоа што би можело да се направи со овој имот, тој воопшто не е заинтересиран за отворање на капацитети за производство на конфекција поради стравот од евтин кинески увоз на такви артикли.

Во поранешното АД Фармерки и тексас се сместени две компании кои вршат производство: „Текстил инвест деним” (со 140 работници) која произведува ткаенини за турска компанија, и „Текстил инвест џинс” која произведува lohnveredelung конфекција. Производителот на конфекција „Микотекс” ја издава поранешната АД „Постелнина”. Во поранешното АД Транспорт и Шпедиција е сместен конфецискиот производителот „Кит-го”, додека фабриката за чевли „Баргала“ ја зела под наем АД Предилница. Конфекцискиот производител „Максима“ го дава под наем поранешното АД Општествени Стандарди. Компанијата која ја купила АД Општествени Стандарди, „Прециз“ сега е сопственик и на хотелот „Македонка” на Дојранското Езеро, градинката, ресторанот и трите продавници. Понатаму, во октомври 2004 год., Благоја Темелковски станал новиот сопственик на поранешното „АД РОС” и основал нова компанија ЕЦМ која ќе управува со оваа работна единица.[ci] Нивната основна дејност е репарација и одржување на електрични машини, трансформатори и производство на механички делови. Новиот сопственик ги наследил старите машини и до сега не инвестирал во набавка на нови и современи машини.

На крај, Ристе Мицев е сопственик на поранешното АД Енергетика и нема намера да го издава локалитетот бидејќи оваа работна единициа ги снабдува со електрична енергија другите фирми и на тој начин прави проф&