АНАЛИЗА СО ПOВОД БР. 9
СВЕТСКИ ТРЕНДОВИ ВО ПРОИЗВОДСТВО НА ОБЛЕКА
Индустрија за текстил и облека во светот, кратко
објаснување[1] Levis’, Wrangler и Tommy Hilfiger се производители на добро познати брендови кои немаат свои фабрики. Нивните производи се правени на друго место, но сепак тие прават огромен годишен обрт и профит. Како е можно тоа? Ќе го објасниме тоа во понатамошниот текст. Секторот за текстил и облека може да се претстави како процес на производство кој се состои од низа поединечни активности, од кои трите основни елементи се: производство на текстил ("склопување" на облека), крајна дистрибуција и продажба. Овој процес на производство почнувајќи од снабдување на суровини, дизајнирање и крајно производство до дистрибуција и маркетинг е организирано преку интегрирана мрежа на производство каде што производството е поделено во неколку специјализирани активности и секоја активност е лоцирана таму каде што најмногу може да придоне за квалитетот на крајниот производ. Кога ќе се одреди локацијата на секоја активност, трошоците, квалитетот, сигурноста на испораката, пристапот до средствата за придонес кон квалитет, транспорт и трошоците на трансакција се значајни вариабли.
Индустриите за текстил и облека имаат основни својствени
карактеристики и содржат голем и разновиден спектар на активности
кои користат мешавина од труд и капитал. За поедноставување,
целокупниот процес на производство е претставен во четири фази на
производство:
А.
Суровини
9.
логистика, (складирање, транспорт и дистрибуција на текстил и
облека).
|
Земја |
Извоз на текстил во $ |
% од вкупниот извоз |
Плата по час во $ |
Мексико |
9,7 милијарди |
6% |
2,45 |
Хондурас |
2,7 милијарди |
63% |
1,48 |
Турција |
15,4 милијарди |
33% |
2,13 |
Јордан |
695 милијарди |
29% |
0,81 |
Кина |
79,7 милијарди |
18% |
0,68 |
Пакистан |
12,3 милијарди |
74% |
0,41 |
Индија |
12,9 милијарди |
23% |
0,38 |
Македонија |
2,8 милијарди |
60% |
0,48 |
Тајланд |
6,1 милијарда |
8% |
0,91 |
Камбоџа |
1,9 милијарди |
88% |
0,32 |
Светската индустрија на текстил и облека опфаќа голем број производи и пазари. Може да се изврши специфична процена на конкурентноста на одреден производ или земја за да се одреди изложеноста на ризик на земјата, земајќи ги предвид следниве фактори на конкурентност:
Воопшто не е лесно да се открие кои земји имаат компаративна предност во оваа индустрија, во однос на другите. Таквата предност зависи од многу фактори, меѓу кои за најзначајни би можеле да се сметаат економската средина, структурата и управувачката способност на претпријатијата, производствените трошоци, квалитетот на производите и ефикасноста на маркетингот. Со оглед на промените кои настапуваат кај овие фактори на долгорочен план, заклучокот за постоење на компаративна предност постигната во одреден период би можел да се промени во текот на следните месеци или години. Економската средина во најголем дел се состои од целокупната инфраструктура на земјата (човечки ресурси, јавна политика, администрација, банкарско работење, транспорт, индустриска структура итн.), која во одреден степен е различна кај секоја од земјите во развој и која понекогаш во голема мера се разликува од ситуацијата во развиените земји. Од голема важност е ефикасната транспортна инфраструктура, сигурните и конкурентни начини на транспорт и ефикасните царински процедури за одржување конкурентна предност на високо-конкурентните пазари на текстил и облека. Сигурноста на транспортната инфраструктура и ефикасноста на царинските процедури се надополнуваат меѓусебно за да се постигне минимализирање на транзитните периоди за испораки вклучени во меѓународната трговија, и можат да ја зголемат конкурентноста на географски оддалечените локации на меѓународно ниво. Дури и ако долгите транзитни периоди можат до одреден степен да се намалат преку спогодби за преференцијален пристап на пазарот, тие во основа можат да ги елиминираат од меѓународната конкуренција надворешните центри кои се географски оддалечени од пазарот на купувачите, или блиските центри со недоволно развиена транспортна инфраструктура. Индустриите во земји со стабилен и функционален систем во сите овие области обично имаат поефикасно производство отколку индустриите во другите земји. Индустриите во земји со отворени пазари се редовно изложени на меѓународна конкуренција и поради тоа поконкурентни, за разлика од земјите кои ги заштитуваат своите индустрии од увоз. Но врз конкурентноста на една индустрија може да влијаат и промените на девизниот курс, кои притоа не биле предизвикани од ниеден сегмент од овој одреден сектор.
Структурата на претпријатијата и нивните управувачки способности не варираат само меѓу различни земји, туку и во рамките на една земја. Додека кај земјите кои се традиционални производители на текстил и облека постои комплетен синџир на производство на текстил и облека (влакна, предиво, ткаенини, завршна обработка, готови (фабрички) производи, облека, додатоци), производството во многу од земјите во развој е во голема мера сконцентрирано врз само неколку производи, а суровините треба да се увезуваат. Примери за наведеното можат да се најдат во многу африкански земји, во земји од Јужна Америка, како и Азија (на пример, Бангладеш, Филипините). Од големо значење е и постоењето на машинерија за текстилната индустрија во земјата. Очигледна е предноста од регионалната близина и блиската соработка за развојот на модерната технологија и машинеријата за производство на текстил и облека. Управувачките способности на претпријатијата главно се засноваат врз индивидуалните капацитети и поради тоа се разликуваат дури и меѓу компаниите во рамките на една земја. Ваквиот факт придонесува за развој и постоење на компании со различна конкурентност на различни пазари. Нивото на способности во една земја е воедно израз на културата на управување, развиена во помал или поголем степен во различни земји. Компаративната предност на земјите во развој во процесот на склопување, односно шиење, заснована врз ниските плати, не се претвора автоматски во компаративна предност на управувањето со целокупниот процес на производство кога сите аспекти поврзани со услугите ќе се земат предвид. Потребно е ефикасно управување со целокупниот процес на производство, вклучувајќи дизајн, набавка на ткаенини, логистичка поддршка кај транспортот, контрола на квалитетот, заштита на правата од интелектуална сопственост, финансирање на извозот и справување со трговските процедури. Постои опасност дека лошо раководените бизниси ќе пропаднат пред да имаат можност да просперираат. Според мислењето на г. Goodstone, без добри раководители бизнисот со масовно производство на облека во Централна Европа “ќе пропадне во период од пет до десет години”.[9] Новиот тренд во Централна Европа е инвестирање од страна на фирми од други надворешни локации, во земји како што се Кина, Индија и Турција. Таквите фирми се стремат кон истиснување на нивните ривали преку приближување до потрошувачите. На пример, турските претприемачи купија текстилни фабрики во Романија, воведувајќи нов начин на управување. На таков начин се искористуваат локалните трошоци на трудот и се зголемува продуктивноста.
Производството на облека зависи од високата искористеност на труд и затоа трошоците на трудот претставуваат најзначајниот фактор на чинење во овој случај. Меѓународната споредба на трошоци на трудот, спроведена од страна на Werner International, ја прикажува конкурентноста меѓу индустриите за текстил и облека во различни земји. Трошоците на трудот во развиените земји се без сомневање највисоки, за текстилот, како и за облеката. Во азиските земји, како што се Индонезија, Пакистан, Индија, НР Кина и Виетнам, најнискиот регистриран целосен трошок по час во 1998 година се движел меѓу 0,24 и 0,62 американски долари кај текстилот, и меѓу 0,16 и 0,43 американски долари кај облеката. Јужноамериканските, Медитеранските, Источноевропските земји и некои земји од Азија (Јужна Кореја, Тајван) се рангирани уште повисоко, со приближно меѓу 1 и 6 американски долари по час, додека во земјите од ЕУ, САД и Канада трошоците на трудот се највисоки, меѓу 6 и 18, до 24 долари по час.
Друг фактор при разгледувањето на компаративната предност е дизајнот и квалитетот на производите. Како и кај технологијата на производството, кадешто на сите нивоа се одвива постојан процес на иновација и модернизација во повеќето земји, постојаното надградување е од суштинско значење за постигнување, одржување и подобрување на конкурентноста и на ова поле. Постојат големи разлики меѓу нивото на способност за изработка на дизајн, иновација на прозводот, квалитет на производот, уделот на артикли со заштитен знак, меѓу европските производители на текстил и облека и оние од земјите во развој. Но во последниве години е постигнат значителен прогрес, особено кај земјите во развој со повисок извоз, како што се Хонгконг, Јужна Кореја и Тајван. Со надградувањето и иновацијата на процесите, материјалите и финалните производи станаа основни инструменти за конкурентноста на ЕУ индустријата, така што би можело да се рече дека истото се однесува – иако на пониско ниво –и на земјите во развој. Последните извештаи ги прикажуваат напорите на производителите на текстил, на пример, од Бангладеш и Тајланд, за постепено приближување кон повисок квалитет, кон изработка на пософистицирани делови облека, како на пример, високо-квалитетни костуми, јакни, облека од џинс со заштитен знак итн.
Во контекст на подобрувањето на ефикасноста на производството и дизајнот, развојот на ефикасноста на пласманот на производите доби голема важност како фактор на компаративна предност. Досега повеќето земји во развој што извезуваат мораа да вложат напори за наоѓање пазари за нивните производи. Да се чека на клиентот веќе не е доволно за зголемување на извозот. Треба да се развијат и применат маркетинг стратегии, доколку индустријата на една земја се стреми да опстане меѓу конкуренцијата која ќе станува сé посилна во иднина. Искуството на повеќето од земјите во развој на ова поле се чини прилично ограничено. Ова се однесува особено на оние индустрии што главно служат како извршители на инструкции дадени од страна на компании од ЕУ, или во областа на ОПТ или во рамките на заеднички вложувања. Маркетинг стратегиите на успешните меѓународни компании може да послужат како пример за оние кои сакаат да ги подобрат своите капацитети, а со тоа и својата компаративна предност во меѓународната трговија.
Во рамки на менувањето на трговската средина, глобалниот конкурентски настап за текстилните компании во развиените земји, како и во земјите во развој, е во голема мера прашање на способностите на компанијата да ги искористи новите можности што се нудат, како и нејзината стратешка позиција, фокусирајќи се или на ниски трошоци на производство или на изедначување на факторите на чинење во однос на усовршувањето на производите и процесите, оперативната ефикасност, технолошката супериорност и близината на пазарот. Оттука, трошоците на производство во индустријализираните, како и во земјите во развој, остануваат сериозен фактор што влијае врз стратешката позиција на компанијата.
Додека ниските плати сé уште им овозможуваат конкурентна предност на земјите во развој на светските пазари, брзите промени сега играат далеку позначајна улога при одредувањето на меѓународната конкурентност на ориентираните кон мода и чувствителни на промени пазари за текстил и облека.
Компаративната предност на земјите во развој во процесот на склопување, односно шиење, заснована врз ниските плати, не се претвора автоматски во компаративна предност на управувањето со целокупниот процес на производство кога сите аспекти поврзани со услугите ќе се земат предвид. Земјите кои настојуваат да ја одржат стратегијата за водечка позиција како извозник на текстил и облека, треба да го пренасочат својот индустриски кластер на експертиза од производство, кон сегменти со повисока додадена вредност од процесот на производство. Тоа може да се постигне преку подобрување на домашните способности во однос на дизајнот, изворите на материјали, контролата на квалитетот, логистиката и дистрибуцијата во малопродажбата. За да се унапреди процесот на производство од нивото на процесот на склопување на увезена стока, кон понапредни активности, земјите-извозници треба да го пренасочат својот индустриски кластер на експертиза од производство, кон функции кои се во врска со услугите, какви што се дизајнот, изворите на материјали, контролата на квалитетот, логистиката и дистрибуцијата во малопродажбата. За остварување на овие можности националните снабдувачи треба да стават акцент врз образованието и обуката од областа на услугите, и да го поттикнат воспоставувањето на заеднички структури каде домашните снабдувачи ќе можат да стекнуваат знаења за пазарот и да им понудат поинтегрирани решенија на идните купувачи.
Одреден број фактори се значајни при одредување на трошоците. Тие фактори го вклучуваат следново:
- плати на работниците и услови за работа;
- можна потреба од ангажирање странски експерт за управување со производството (во случај на недостаток од средно или високо раководство на локално ниво);
- трошоци за домашен или меѓународен транспорт;
- енергетски трошоци (трошоци за електрична енергија; појавата на чести рестрикции создава потреба од генератори за поддршка, трошоци за вода итн.)
- ниво на корумпираност (особено во царината);
- ниво на автоматизација и обука на работниците (што ќе придонесе за намалување на бројот на производи што не се соодветни со останатите);
- девизен курс и царински тарифи (види во текстот подолу);
Општопознато е дека платите во областа на производството кај земјите во развој се толку ниски што претставуваат минимален дел од цената на парче облека од некоја позната марка, купено на западните пазари. Како и да е, со оглед на мошне ниските цени наметнати од страна на големите компании (најчесто мултинационални) на нивните снабдувачи од земјите во развој, профитната маржа на снабдувачите обично не е многу висока. Секое зголемување на трошоците на производство (на пример, трошоци за работна сила) може да значи значителна загуба на приход, кој не може секогаш да се надоместува со зголемување на цените, бидејќи тоа може да го натера клиентот да се сврти кон конкурентите. Конкуренцијата помеѓу снабдувачите понекогаш им овозможува на големите купувачи да обезбедат попуст од цената што ја плаќаат за производите, што пак предизвикува намалување на профитната маржа на производителите, како и на очекувањата на нивните работници во однос на обезбедувањето на подобри услови.
Од најголемо значење за развојот на индустриите за облека и обувки е способноста да се испорачуваат производи за широка потрошувачка на пазарите според строго утврден распоред. Голем дел од малопродажниците обезбедуваат транспорт истовремено со вршењето порачки за производство, со цел да се осигураат дека производите ќе бидат земени и испорачани во согласност со нивните планови за прилив на залиха. Задоцнетите испораки, без оглед на причините, не се прифатливи на високо-конкурентните пазари во Западна Европа. Улогата што денес ја има производството на текстил и облека во процесот на индустријализација на земјите во развој е далеку поиздиференциран одошто пред една генерација. Додека ниските плати сé уште можат на земјите во развој да им обезбедат конкурентна предност на светските пазари, временските фактори денес имаат далеку позначајна улога во одредувањето на меѓународната конкурентност. Временските фактори функционираат како важни трговски бариери за посреднички инпути вклучени во меѓународно фрагментираниот процес на производство.
Временскиот период се наметнува како клучно прашање при управувањето со продажба и акции. Пократките рокови станаа едно од главните барања на купувачите. Се чини дека токму во оваа насока се движи развојот на секторот за облека, како што е објаснето во извештајот "Играјте фер на Олимпијадата": Традиционалниот систем на порачување "на големо", со цел да се задоволат барањата на потрошувачите во основните четири сезони, е значително променет. Пред сé, бројот на модни сезони е зголемен. Понатаму, бар-код системот со кој се следи потрошувачката, им овозможува на малопродажниците да порачуваат стока веднаш откако ќе се потрошат залихите во продавниците. Така, наместо порачување "на големо" и чување на набавките на залиха, во продавница или во склад, со големи трошоци, купувачот очекува од снабдувачот да испорача помали количества за надополнување на полиците во продавниците, доколку и кога ќе се испразнат. Ваквиот систем воедно ги заштитува компаниите од појава на евентуален вишок залиха, доколку производот се покаже како неуспешен на пазарот. "[10] Колекциите за меѓу-сезоните стануваат се побројни. Купувачите ги делат своите големи порачки на неколку помали кои се испорачуваат во текот на целата сезона, со цел да ја осигураат својата продажба, како што е споменато погоре во текстот. Доколку еден производ не се продаде добро, залихата што останува се материјали – што повторно можат да се искористат за некој друг дизајн – наместо готови производи кои на крајот ќе мора да бидат продадени за половина од нивната првична цена. Притисокот за забрзување на периодот на производство постојано се зголемува во областа на текстилот и модата.
Минимална залиха е најважната цел, а главниот поттик е намалување на трошоците. Разграничувањето значи помал избор, бидејќи производите со модерен дизајн имаат пократок предвиден рок на траење отколку основните производи, и се покажале како поризични: реакциите на потрошувачите на новитети се често непредвидливи. Оттука, модните сезони имаат тенденција да бидат краткотрајни и побројни, а залихите се зголемуваат поради нивното брзо завршување. Најважно е малопродажниците да ги контролираат своите залихи, на таков начин ограничувајќи го бројот на непродадени производи, така што можат да ги контролираат своите трошоци, маржи и продажни цени. Ограничувањето на залихите се однесува и на голема серија основни и трајни производи, какви што се женската долна облека и лененото платно, производството на кои покажува тенденција на пораст во текот на подолг временски период со цел да може да се приспособи на предвидувањата за продажба, со производствени капацитети резервирани долгорочно и производи наменети според потребата на промената на залихата. Под влијание на логиката што се применува во секторот за храна, малопродажниците ја подобруваат профитабилноста на својот акционерски капитал користејќи ја ротацијата на залихата како левериџ (учество на долговите во вкупниот капитал), што е подобра “исплата” отколку да ги зголемат цените на производите. За снабдувачите тоа значи дека треба да испорачуваат помали порачки за пократок период и во согласност со мошне кусите рокови за извоз.
Близината на пазарите може да придонесе кон забрзување на комплетниот циклус на производство, што е од голема важност за купувачите на облека во развиените земји. Постои разграничување помеѓу поволностите што произлегуваат од ниските трошоци за плати од една, и временските фактори од друга страна, при што можноста за временски брз пристап до големите пазари на потрошувачка овозможува конкурентна предност за да се успее на високо-конкурентниот, чувствителен на време и модно ориентиран пазар на облека. Во однос на стоката нечувствителна на време и долгорочниот процес на производство, Кина е сé уште дефинитивен победник во глобалната релокација на фабриките. Источна Европа високо се рангира во однос на потребата за производи направени според потребите и нивна брза и флексибилна испорака. [11]
Важноста која му се придава на времето за испорака е во корист на земјите снабдувачи кои се поблиску до двата главни пазара (Централна Америка за САД и Канада, медитеранските и централно источните европски земји за Европа). Далечината меѓу земјите снабдувачи од Азија и Јужна Африка и двата главни пазара значи дека тие не можат да бидат конкурентни во сите сегменти поврзани со текстилната индустрија, имајќи ги предвид високите трошоци за авионски превоз на стоката. Попрактично е модерната облека, која е со пократок рок на траење одошто класичната, да се произведува во региони кои се во непосредна близина, со цел да се овозможи побрзо надополнување на залихата, во зависност од успешноста на производите на пазарот или побрзо приспособување со барањата на новите модни трендови. Во индустријата за облека, странските компании успешно тргуваат со источноевропските земји во областа на “високата мода” – порачувана и произведувана како брз одговор на продажните трендови. Производствениот циклус за облека во Кина е приближно три месеци – од кои четири недели отпаѓаат на времето за прекуморски транспорт. За Источна Европа, пак, периодот изнесува четири до шест недели, вклучувајќи еден или два дена за испорака со камиони. Потребни се приближно два дена за испорака од САД до Мексико, во споредба со дваесет и осум дена потребни за испорака од Азија.
Бидејќи потрошувачите бараат поголема разновидност, квантитетот на облека од еден стил купен од страна на малопродажниците е редуциран. Во однос на производството, тоа наметнува комплетна промена во производственото планирање и во начинот на кој се составуваат деловите облека. Времето наменето за обработка треба да се намали, вклучувајќи го времето од порачка до испорака и работниците треба да бидат уште пооспособени и, доколку е потребно, да бидат обучени да го состават целото парче облека. За да обезбедат услуга која вклучува навремена испорака, регионалните снабдувачи мора да бидат флексибилни. За справување со предизвикот од Кина, компаниите треба да инвестираат во флексибилни производствени линии, кои допуштаат пренасочување од еден на друг производ за еден ден, со цел да се задоволат барањата. Модната облека веќе не мора да биде скапа. За познати марки, какви што се Tommy Hilfiger и Zara, ќе се вршат порачки кај снабдувачи кои “можат да бидат флексибилни со трендовите, произведувајќи делови облека кои не се толку скапи”. Краткорочните производствени процеси ќе станат норма во индустријата која тежнее да ги задоволи каприциозните барања на потрошувачите во напредните економии. Мали, повеќестрано оспособени погони за лон доработкакои можат брзо да одговорат на промените во стилот и материјалите, се многу посоодветни со овој тренд во трговијата, отколку конвенционалните операции на сериско производство.
Развојот на мали производствени погони не ја негира потребата за повисоко ниво на инвестирање во компјутерски-потпомогната опрема во производството во областа на планирање и дизајнирање. Производствените компании треба да бидат доволно стабилни за да ги финансираат овие потреби. Употребата на компјутерска технологија за дизајн придонесе за меѓународниот развој на секторот за облека и е масовно употребувана во напредните економии, особено во оние кои увезуваат голем дел облека од Далечниот Исток. Земјите снабдувачи, или земјите кои би биле снабдувачи, користат Интернет како средство за презентирање технички информации, предлози за мостри, па дури и идеи за нови дизајни на своите клиенти во Западна Европа и Северна Америка. Како што пазарите стануваат сé пософистицирани, периодот на продажба поврзан со сезоните се скрати на приближно 13 недели, наметнувајќи ја потребата од брзо реагирање на промените во вкусот на потрошувачите, и периодите за развој на производите се редуцираа.
Технологијата која се темели на компјутери овозможува брз трансфер на податоци, вклучувајќи скици за дизајн, насекаде низ светот. Концепти за кои се дискутира во Берлин, Лондон, Париз и Рим, како и во Њујорк, Лос Анџелес и Хонгконг, може да се пратат до фабрики насекаде низ светот за неколку мигови, а развивањето на нови модели и правењето примероци може да се спроведе за неколку часа, или најмногу неколку дена. Електронскиот трансфер на податоци меѓу клиентите (малопродажниците) и производителите им овозможува да произведуваат токму она што им треба, наместо да произведуваат за залиха. На трендовските пазари во развиените земји денес се достапни скенери за целото тело, така што продавачите на кроена облека можат да испратат прецизни индивидуални мерки до производителот и на потрошувачите да им овозможат испорака на готовиот производ во рок од три дена. Во голема мера е значајно и вложувањето во машинерија и управувачки способности, но тоа зависи од расположивоста со квалификувана, писмена работна сила, што е подготвена да се приспособи на воведувањето нови производствени методи или технологија. Потребно е некој да управува со машините и да ги воведе новите производствени методи. Врвните брендови треба да ги оправдаат своите високи цени со беспрекорен квалитет. За жал, во многу од земјите во развој квалитетното образование е недоволно да обезбеди доволен број квалификувана работна сила.
Откако системот за контингенти за членките на СТО престана да се применува, царинските тарифи останаа единствено ограничување за увозот во некои земји. Иако не може да се одредат договорно и постои општ тренд за намалување на овие тарифи меѓу земјите, тие сé уште се движат во насока на заштита на пазарите од увоз. Тарифите кои моментално се применуваат достигнуваат во просек до 12% во Европската Унија и 15% во САД. Земјите-увозници можат да го приспособат оцаринувањето, на пример, во корист на увозот од земји во кои социјалното влијание од укинувањето на квотата е најсилно, или во корист на земји во кои работничките права (особено слободата за здружување) најмногу се почитуваат.
Заштитните просечни тарифи кои се применуваат за увоз на текстил и облека останува највисока, споредена со просечните тарифи за индустриски производи за голем дел од развиените земји и земјите во развој. Во развиените земји просечната тарифа за облека изнесува 16,1%, но за индустриските производи изнесува 6,2%. Во земјите во развој просечните тарифи изнесуваат 23% за облека и 13,5% за индустриски производи. Постојат големи разлики меѓу земјите во развој во однос на тарифите кои се применуваат за текстил и облека, и товарот од високите тарифи за производи чувствителни на трговија, таканаречени врвови на царински стапки, какви што се оние што надминуваат 15%.
Слични разлики постојат и меѓу земјите во развој и најмалку развиените земји.
Табела 8. Просечни тарифи, избрани земји
Регион/Земја |
Производители |
Текстил |
Облека |
OECD земји |
6,2 |
9,4 |
16,1
|
Aвстралија |
5,4 |
9,9 |
20,7 |
Канада |
4,9 |
10,7 |
18,4 |
Eвропска Унија |
4,4 |
7,9 |
11,4 |
Јапонија |
2,9 |
6,5 |
11 |
Кореја |
8 |
9,4 |
12,4 |
Meксико |
17,3 |
20,5 |
34,4 |
Нов Зеланд |
3,1 |
2,4 |
13,7 |
Турција |
5,9 |
8,6 |
11,8 |
САД |
4 |
9,1 |
11,4 |
Извор: UNCTAD (2002 г.), засновани на базата на податоци на UNCTAD и Светска банка, World Integrated Trade Solution.
Правилата за потекло се уште еден аспект кој заслужува внимание. Некои земји или региони, како Европската Унија, даваат пониски тарифи за облека произведена во една земја, под услов таа да содржи одреден процент сирови материјали од таа земја.
Треба да се направи секаков напор за да се даде поголемо значење на друг критериум во изборниот процес во главните изворни компании: почитување на човековите права, а пред сé, правата на работниците. Подолгорочно, постои поголема свесност за потребата да се почитуваат правата на работниците, не само како резултат на притисокот од синдикатот на трговијата или стравот од последиците кои нечовечките работни услови можат да ги предизвикаат врз имиџот на една бренд компанија, но исто така од едноставната економска логика произлегува дека продуктивноста на една компанија се зголемува доколку работните услови се подобрат. Малопродажниците и бренд компаниите ја сметаат етиката т.е. условите и работната средина, како потенцијална закана. И покрај тоа, развојот на малопродажниците и бренд компаниите се зголемува со поставување контролни средства и независни организации за мониторинг кои ќе докажат дека основните работни стандарди се во согласност со барањата на нивните снабдувачи. Зголемената употреба на директни извори исто така го олеснува влијанието на компаниите врз условите на здравјето и безбедноста на работниците во призводствениот погон. Некои одат уште подалеку со тоа што развиваат своја филозофија дека се „добри граѓанини „ и со тоа етиката претставува стратегиски фактор за да може да се разликуваат од другите. Стабилниот развој исто така е важно прашање во размислувањето за иднината на ексклузивните бренд компании, чиј имиџ опфаќа претстави за вечност и вештина, кои се во склад со идејата да се пренесе почитот за работната средина на идните генерации.
„Земјите кои имаат закони за работни односи и кодекс на однесување- како и средства за нивно усвојување- можат да се приближат до производителите и компаниите во САД и Европа коишто се повеќе социјално свесни„ забележал Appelbaum(2003: 50). Европската Унија во своите дискусии за иднината на секторот го вклучи исполнувањето на работничните стандарди. Anna Diamantopoulou, Комесар за вработување и социјални работи на ЕУ забележа дека: важен аспект на предлозите на Комесаријатот за текстилната индустрија е фокусот на прашањето за корпоративна социјална одговорност- како и почитување на меѓународните стандарди на работната средина- и одговорното управување на индустриската промена, вклучувајќи и консултации со работниците во вистинско време. Изворните компании ќе треба да осигураат дека нивните ценовници (како ниски цени на производи, краток временски рок на испорака) не се во согласност со работничките стандарди (во однос на стандардите за плати и работни часови). Зголеменото значење на малопродажниците во глобалната мрежа на снабдување значи дека нивниот начин на работа треба да се стави под контрола кога се земаат во предвид улогите и одговорностите во однос на тоа да се исполнат меѓународните стандарди на сите нивоа на производство на текстил и облека. Владите исто така играат улога во овој контекст со тоа што предлагаат реформи за законот на работни односи кои ќе ги покачат стандардите кои треба да се во согласност со стандардите на Меѓународната Организација на Труд.
Начинот на работа станува потранспарентен. Бидејќи поголемиот дел од бизнисот се врши со препорака, помалку „договори„ се направени со снабдувачите. Спецификациите се напишани повнимателно. Односите стануваат поформални и поорганизирани. Купувачите го редуцираат нивниот круг на снабдувачи: тие го намалуваат бројот на снабдувачи и ќе продолжат да го прават тоа, и во исто време ќе нивни партнери со специфични одговорности. Дури и ако квалитетот на партнерството варира од еден актер до друг во Европа, се развива взаемна доверба помеѓу нив и бизнис односите ќе траат подолгорочно. Долгорочните доверливи партнери кои успешно и ефикасно произведуваат и испорачуваат стока постојано се клучен фактор во идните изворни одлуки.
Неколку фактори се во игра за да се добие подобра интеракција помеѓу секторот на текстилна и конфекциска индустрија во земјите-снабдувачи. За да бидат брзи, конзистентни, флексибилни, ефтини и креативни, производителите на облека профитираат од блискоста на динамичните и успешни снабдувачи. Исто така малопродажниците сé повеќе склучуваат кооперативни договори со снабдувачите, што значи дека сакаат тие да ја преземат огдоворноста за снабдување со материјал, предиво и пораб. Со што малопродажниците би имале повеќе време да се посветат на маркетингот. Не сите снабдувачи на облека и земји-снабдувачи се во позиција да го задоволат ова барање: сега за сега само некои од нив се во можност локално да ги наоѓаат потребните материјали. Недискутабилно е дека оптимизирањето на времето на испорака фаворизира земји кои самите поседуваат предиво и текстил со „европски квалитет„ кој може да се најде во близина; најдобри примери се Кина и Турција. И покрај тоа, идиличната слика на фразата во производството-„од памучно поле до маица„ често не се однесува на:
• Многу е повообичаено локално да се најдат материјали за трикотажа отколку за ткаеници, а најлесно за основната трикотажа.
• Производите кои се потребни креативни или технички материјали не се вклопуваат во оваа слика бидејќи тие најмногу се произведуваат во Европа и во земјите во Азија каде што нема ефтина работна сила.
• Со цел да се усогласат цената и реактивноста, малопродажниците и бренд компаниите понекогаш мора да увезуваат материјали од Азија (необоени или клот) за да бидат продадени во Паневропската медитеранска зона.
Владите играат значајна улога во воспоставувањето на кохерентна политика и регулаторна рамка. Целта на оваа рамка е да се зајакне капацитетот на приватниот сектор со цел да се справи со брзите промени и јакнењето на конкуренцијата, како и да ги искористи можностите во трговијата создадени преку подобар пристап до пазарот. Оваа процедура подразбира распарчување на мерките на производство, подобрување на регулаторната средина на основните бизнис услуги, поддржување на појавата на квалитетен експертен тим и на приспособливост на работната сила, преговарање за подобар пристап на пазарот за текстил и облека и елиминирање на пречките за воспоставување на системи за дистрибуција на мало во земјите во развој. Уште повеќе, владите треба да имаат предвид дека иновативните капацитети долгорочно зависат од расположливоста со соодветен човечки капитал; Затоа еден темелен едукативен и квалификуван систем е многу поважен за стабилен технички прогрес отколку програмите на јавна иновација. Ова се однесува не само на текстилната и конфекциската, туку и на било која друга индустрија.
Уште еден начин да се опстане на пазарот е способноста да се испорача целосен пакет на работни услуги. Целосен пакет на услуги значи дека на пример малопродажник од САД може да отиде кај кинески производител и да рече: сакаме толку и толку илјади јакни и ќе Ви го испратиме дизајнот навремено. Тогаш кинеската компанија се снабдува со суровини, ги дизајнира јакните според главниот нацрт план на малопродажникот, ги прави во своите фабрики, ги пакува и директно ги испраќа во САД. Малопродажниците повеќе не бараат извор на материјали од различни земји, туку само еден снабдувач кој ќе изработи се, од дизајн, до кроење и шиење, со што процесот на производство ќе стане поекспедитивен. Тоа ќе биде поволност за квалификуваната работна сила бидејќи компаниите треба да го прошират својот спектар на производство.
Исто така треба да се земат предвид начините на финансирање на текстилното производство. Според условите на ОПТ, традиционално потрошувачот ги обезбедувал суровините „бесплатно„.Сите идни работни договори најчесто се нудат на основа на тоа дека производителот ќе ја купи потребната количина на материјали од одредени снабдувачи по цената договорена со купувачот. Компаниите и малопродажниците од западна Европа на производителите им го укажуваат приближното количество кое им е потребно, како и процент на сооднос на бои кои ќе ги нарачаат навремено во текот на процесот на производството. Значи цените се договараат на оваа основа. Производителот треба да ја нарача точната количина и да му плати на снабдувачот според меѓусебно договорените услови. За оваа трговија е потребен многу поголем работен капитал во индустријата за текстилно производство и се смета за додатен проблем за платежно понеспособните снабдувачи, кои често добиваат помош за овој проблем од купувачите.
Текстилната индустрија исто така се преориентира на употреба на текстил за друго освен облека, односно познато како технички текстил, што претставува сегмент со најбрз развој во целата текстилна индустрија. Техничкиот текстил најчесто се дефинира како технички материјал произведен главно заради своите технички, а не естетки и декоративни карактеристики. Тој има многубројни намени, како на пример постелнина, материјали за филтрација и абразија, тапетарски материјал за мебел и здравствени производи; термална заштита и материјали за собирање крв; појаси за седишта; фластер; и многу други примени. Проценето е дека производството на техничкиот текстил расте двојно повеќе од обичниот и веќе сочинува повеќе од половина од целокупното текстилно производство. Процесот на негова преработка бара релативно скапа опрема и квалификувана работна сила и затоа засега се изработува во развиените земји.
[1]
Овој преглед се
заснова на следната литература:
A New World Map in Textiles and Apparel Adjusting to
Change, Политички преглед на OECD, Октомври 2004, WTO
Agreement on Textiles and Apparel (ATC): Impact on Garment
Manufacturing in Cambodia, Laos and Vietnam, Mekong
Capital, 30 декември
2003, “The textile industry: The looming revolution”,
11ти ноември
2004, Economist, “Losing their shirts”,
14ти октомври
2004, Economist, Structural Adjustments in Textiles and
Apparel in the Post-ATC Trading Environment, OECD Trade
Policy Working Paper No.4, Study on the Implications of
the 2005 Trade Liberalization in the Textile and Apparel
Sector Consolidated Report, IFM and partners,
фебруари
2004, Made in ….Eastern Europe, Clean Clothes
Campaign, 2004, Rags to Riches to Rags,
декември
2004, Christian Aid, Disaster Looms With the Ending of
the Quota System,
Репорт на Samuel Grumiau for
the International Confederation of Free Trade Unions,
декември
2004, Implications for South Asian Countries of
Abolishing the Multifibre Arrangement, by Sanjay
Kathuria, Will Martin, and Anjali Bhardwaj,
Светска Банка,
ноември
2001, The Global Textile and Apparel Industry post the
Agreement on Textiles and Apparel by Hildegunn Kyvik
Nordås, WTO, 2004, Nebahat Tokatli and Omur Kizilgun,
Upgrading in the Global Clothing Industry: Mavi Jeans and
the Transformation of a Turkish Firm From Full-Package to
Brand-Name Manufacturing and Retailing in Economic
Geography, јули 2004,
[2]
"природни" материјали
се памук, волна, свила, лен, јута итн.
Подготовката на природните материјали
вклучува различни
земјоделски активности кои зависат од неколку фактори, т.е.
квалитетот на земјиштето и регионалната клима, како и
аграрната
политика во одредени земји.
Во "вештачки"
влакна спаѓаат:
целулозни материјали (на пр.
вискоза),
синтетички влакна
(како органски влакна
кои се базираат на
петрохемикалии, на пр. полиестер, најлон/полиамид, акрил,
полипропилен итн.) и
влакна од неорганска природа (на
пр. стакло, метал, јагленород или керамика). Составот на
текстилните производи во просек содржи 60% памук и 40%
синтетички влакна.
[3] Материјалите кои се користат за изработка на предиво може да се поделат на три групи: растителни, животински и синтетички. Растителни материјали: памук, лен (за изработување на ленено платно), коноп, рафија, јука, лушпа од кокос. Животински материјали: волна, козја кожа (ангорска или кашмирска коза), зајачка кожа (ангорска), кожа од лама, алпака, куче, камила, свила. Синтетички материјали: најлон, рајон, ацетат, Милар, минерали како азбест.
[4] Технички текстил најчесто се дефинира како текстилни материјали и производи произведени главно поради нивните технички, а не естетски и декоративни примени. Имаат повеќекратки примени, на пр. постелнина; материјали за филтрација и абразија; тапетарски материјал за мебел и здравствени производи; термална заштита и материјали за собирање крв; појаси за седишта; фластер; и многу други примени. Индустријата на возила и транспорт е главниот корисник на технички текстил (29% од целокупната потрошувачка на слични производи во 1999), потоа индустријата за мебел (14%) и машинското производство (11%). Исто така погледнете ја табелата 23 во додатокот
[5] Предење е процес на создавање на предиво (или конец, јаже, кабел) од разни влакнести суровини. Неколку влакна се сплетуваат и понатаму создаваат цврсто, долго предиво. Карактеристиките на предивото се разликуваат во зависност од материјалот што се користи, од должината на влакната и нивната распореденост, квантитетот на влакното и степенот на заплетување. Види во Encyclopedia Wikipedia.
[6] Ткаењето е дамнешен текстилен занает кој се состои од ставање на два конци или пак предиво направено од конец на основата на разбој создавајќи парче ткаенина. Оваа парче ткаенина може да биде клот (еднобојно) или пак исткаено со декоративен, уметнички дизајн, вклучувајќи ги и таписериите. Види во Encyclopedia Wikipedia.
[7] производството на облека се дели на склопување тешка облека (кроени униформи, панталони, одела) и лесна облека (маици, здолништа, фустани, блузи и кошули). За производство на тешка облека се потребни повеќе рачни и компјутерски операции. Исто така поседувањето на машини за шиење џебови и илици, како и машини за правење амблеми и налепници со заштитен знак, ги зголемува погонските трошоци и инфраструктурните потреби во споредба со тие на производството на лесна облека. The clothing production is divided into assembling of structured or heavy (tailored uniforms, pants, and suits,) and unstructured or light (casual) apparel such as t-shirts, skirts, dresses, blouses, and shirts. More operations are needed for the production of heavy clothing where also more computer controlled cutting and profile stitching are needed. Moreover, having machines for pocket sewing and buttonhole stitching and machines for making applications for emblems and trade marks as well as a steam are also needed increasing running costs and infrastructural needs in comparison with the assembling of light apparel.
[8] Washington Post, “China ready to Take On All Competitors and Markets”
Wednesday, November 17, 2004; http://www.washingtonpost.com/wp-dyn/articles/A55497-2004Nov16.html Textiles facts: http://www.washingtonpost.com/wp-srv/world/daily/graphics/textiles_111704.html
[11] Брзото завршување на комплетниот циклус на производство е поважно за женската облека отколку за машката бидејќи модата побрзо се менува.
Датум: 29 ноември, 2005
Во: Скопје, Македонија